Ѓоковиќ по елиминацијата: Играв ужасно, со ваква форма и третото коло е успех за мене
Пристигна Новак Ѓоковиќ на САД Опен како голем фаворит и со одлична форма по освоениот златен медал во Париз, но во Њујорк ја доживеа најраната елиминација на овој турнир во последните 18 години.
Алексеј Попирин го победи во третото коло со 3:1 во сетови, па така на САД Опен сега ги нема ниту Ѓоковиќ, ниту Алкараз кој настапот го заврши еден ден порано.
„Му честитам на Попирин и неговиот тим. Играше подобро и заслужи да победи. Искрено, со оглед како се чувствував и играв од почетокот, третото коло е успех за мене. Играв еден од најлошите тениси во животот, сервисот ми беше убедливо најлош. Со таква форма не можеше да победиш на тврда подлога против тенисери како Алексеј“, изјави Новак.
Призна Ѓоковиќ дека настапот на Олимписките игри во Париз имал влијание врз неговата игра.
„Се игра на поинаква подлога и се потрошив многу за освојувањ на златото. Во Њујорк не пристнав свеж ментално и психички. Сакав да настап само затоа што САД Опен е голем турнир, но уште во првиот меч почувствував дека ми недостасува енергија“, истакна Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ оваа сезона не освои титула на ниту еден од четирите грен-слем турнири и такво нешто му се случува првпат по седум години.