Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Ѓоковиќ: Ова можеби беше мој последен настап на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ немаше сили да продолжи и денеска го предаде мечот против Александар Зверев во полуфиналето на Австралија Опен.

Српскиот тенисер се откажа по изгубениот прв сет во тај-брејкот, а на прес-конференцијата по средбата не криеше дека ова можеби е негов последен настап во Австралија.

„Пости можност ова да е мој последен настап на Австралија Опен. Кој знае, ќе видиме, како сезоната ќе се одвива. Морам да направам распоред, би сакал да дојдам повторно, имам тука многу успех, но секако дека постои шанса тоа да не се случи. Не знам што ќе биде понатаму, ќе се вратам дома да видам како најбрзо да се опоравам, турнирот во Доха започнува за неколку недели. Некогаш се опоравував брзо, се зависи од мускулот и реакцијата на лекувањето“, изјави Ѓоковиќ.

Зверев во финалето во Австралија ќе се соочи со подобриот од мечот помеѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот