Ѓоковиќ останува без првото место поради одлуката на АТП

Новак Ѓоковиќ го губи првото место на АТП листата/ фото: EPA-EFE/DIEGO FEDELE

АТП одлучи да го казни „Вимблдон“, а сето тоа ќе влијае на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Имено, на третиот Грен слем во сезоната нема да има бодови, но тенисерите ќе ги загубат бодовите освоени минатата година, пишува познатиот тениски новинар Бен Ротенберг.

Тоа значи дека српскиот ас ќе остане без 2.000 поени. Второпласираниот Данил Медведев и третопласираниот Александар Зверев поради послаб пласман губат 180 бода, бидејќи испаднаа во четвртото коло.

Доколку оваа одлука остане на сила, Ѓоковиќ нема да биде прв во светот по Вимблдон, ќе ја заземе третата позиција.

АТП листата ќе изгледа вака:
1. Данил Медведев 7,800 поени

2. Александар Зверев 6,895

3. Новак Ѓоковиќ 6,660

4. Стефанос Циципас 5,965

5. Рафаел Надал 5,525

Речиси е невозможно српскиот ас да освои 1.200 и да се израмни со рускиот играч. Пред Вимблдон, единствените два турнири од серијата 500 се турнирите во Квинс и Хале. Тешко дека Ноле ќе учествува на некој од нив, но и во било која друга категорија 250.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот