Ѓоковиќ одбраната на титулата на Вимблдон ја започнува против Квон, Алкараз го чека во четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампион на Вимблдон/фото: EPA-EFE/AELTC / Bob Martin

Актуелниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на најпрестижниот тениски турнир ќе ја започне против Кореанецот Квон Сун-ву кој моменто се наоѓа на 85 место на АТП ранг-листата.

Шесткратниот победник на Вимблдон, во второто коло доколку го совлада Квон, би играл со подобриот од дуелот меѓу Кокинакис и Мајчак, а третото коло би можело да донесе српска пресметка Ѓоковиќ – Кецмановиќ или Ѓере.


Можен противник во осминафиналето на Ѓоковиќ му е Американецот Рејли Опелка, а доколку се помине без изненадување, тогаш во четвртфиналето ги играл со петтиот носител Карлос Алкараз, а во полуфиналето со подобриот од дуелот Хуркач-Руд.


Во вторара половина од жрепката, во проектираното четвртфинале, Стефанос Циципас би се сретнал со минатогодинешниот финалист Матео Беретини, додека Рафаел Надал би играл против Феликс Оже-Алиасим.

Третиот годинешен гренд слем турнир ќе започне в понеделник на 27 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот