Ѓоковиќ нема да настапи во Синсинати, се подготвува за „УС Опен“

Новак има голема шанса во Њујорк да испише нови страници во тениската историја/ фото: Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Првиот светски рекет и официјално го откажа настапот на АТП турнирот во Синсинати кој треба да се одржи од 16 до 22 август.

Во тек е американската турнеја на бетон и сите тенисери се подготвуваат за последниот грен слем турнир годинава во Њујорк, познатиот „УС Опен“.

Како што беше објавено на официјалната веб-страница на Мастерс турнирот во Синсинати, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на ова натпреварување.

Во минатото издание Србинот триумфираше во финалето против Канаѓанецот Милош Раонич со 1:6, 6:3 и 6:4.

– Сакам да споделам со вас дека сепак ќе го прескокнам турнирот во Синсинати како би искористил што подобро време за опоравување и поминам што повеќе време со семејството. Од Австралија до Токио доста потрошив енергија па сега сум целосно фокусиран кон опоравување и подготовките за „УС Опен“. Се радувам што вас повторно ќе ве видам во Њујорк – напиша Ѓоковиќ.

Видео на денот