Ѓоковиќ не прекршил ниедно правило: Според ИТФ, „политичките изјави не се забранети“

фото: EPA-EFE/Yoshua Arias

Светската тениска федерација (ИТФ) денеска реагираше по повод натписот „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“ што Новак Ѓоковиќ го напиша пред камера во понеделникот по победата во првото коло на „Ролан Гарос“.

ИТФ посочи дека нема одредба со која се забрануваат играчите да даваат политички изјави.

Во текот на вчерашниот ден Олимпискиот комитет на Косово побара да се казни Ѓоковиќ бидејќи го користи спортот за испраќање политичка порака.

– Правилата за играчите на грен слем настаните се одредени со правилата на тие турнири што ги применуваат организаторите и регулаторните органи. Нема одредба што забранува политички изјави – се вели во изјавата на портпаролот на ИТФ за „АФП“.

Во понеделник, на 29 мај, по победата по првиот меч на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ пред камерата напиша „Косово е срцето на Србија“, во време на зголемени тензии на северот на Косово.

ИТФ соопшти дека го добила писмото од Олимпискиот комитет на Косово и дека е проследено до надлежните органи во организацијата на Грен слем, но дека нема одредба со која се забрануваат политички изјави.

Новак Ѓоковиќ е најомразениот тенисер на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот