Ѓоковиќ не може во иста група со Медведев на Завршниот мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се големи ривали, но уште поголеми пријатели/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде по шести пат во својата богата кариера да го освои завршниот Мастерс, кој годинава ќе биде одржан во Торино, Италија.

Доколку го освои овој турнир, српскиот ас ќе се израмни со рекордот на швајцарскиот великан Рожер Федерер кога се во прашање Завршните мастерси.

Покрај Ѓоковиќ, во Торино ќе учествуваат уште Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Матео Беретини, Хуберт Хуркач и Каспер Руд. Жрепката за формирање на двете групи ќе се одржи денеска од 19.00 часот.

Она што е јасно пред ждрепката е дека Ѓоковиќ и другиот светски рекет Медведев не можат да бидат во иста група. Најдобрите осум тенисери во светот ќе се борат за престижниот пехар во италијанскиот град, кој по 12 години играње во Лондон ќе биде домаќин на тениската елита.

Системот на натпреварување е ист како и претходните години, двајцата најдобри играчи од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето.

Секоја победа во групата носи 200 АТП бодови, триумф во полуфиналето 400, а во финалето 500 бодови. Титулата ја брани Данил Медведев, кој минатата година во мечот за титулата го совлада Доминик Тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nitto ATP Finals (@nittoatpfinals)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Tour (@atptour)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот