Ѓоковиќ на првиот турнир во сезоната ќе патува без Мареј

Фото: October 2024. EPA-EFE/STR

Новак Ѓоковиќ ќе биде без тренер во првиот турнир во новата сезона, а ќе настапи во Бризбејн каде што последен пат играше во 2009 година.

Сепак, со него на турнирот нема да патува Енди Мареј кој од неодамна е негов нов тренер. Мареј има договор со Ѓоковиќ за соработка од 29 декември, па така поради тоа Ѓоковиќ и на овој турнир како на неколку претходно ќе оди без тренер.

Британецот првпат ќе биде на клупата на Ѓоковиќ на Австралија Опен, турнир кој започнува на 12 јануари и на него Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до 11 трофеј во кариерата.

Засега не е познато дали соработката на Мареј и Ѓоковиќ ќе продолжи и по тој турнир, тоа ќе зависи од резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот