Ѓоковиќ на добар пат да собори уште еден рекорд на Федерер

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој моментно е дел од Олимписките игри во Токио во лов на „златниот слем“, се наоѓа пред соборување на уште еден рекорд во тенисот.

Ѓоковиќ во кариерата има 11 победи на тенискиот турнир на Олимписките игри, а подобри од него се само двајца тенисери, Енди Мареј кој има 12 триумфи и Рожер Федерер со 13 победи.

Српскиот тенисер досега победуваше на три олимписки турнири, во Пекинг 2012 година, во Лондон 2012 година и сега во Токио, додека на Игрите во Рио де Жанеиро кои се одржаа 2016 година загуби во првото коло од Хуан Мартин дел Потро.

На Игрите во Пекинг 2008 година, Ѓоковиќ го освои бронзениот медал, четири години подоцна загуби во натпреварот за третото место, а сега во Токио оствари две победи, над Уго Делиен во првото коло и денеска над Јан Ленард Штруф во второто коло.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот