Ѓоковиќ на чекор до историја, се пласира во финалето на УС Опен и ќе игра за освојување на календарски слем

Новак Ѓоковиќ и натаму ја држи предноста пред најголемиот ривал Данил Медведев/ Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на УС Опен и има шанса да стане првиот човек од Род Лејвер од 1969 година кој триумфирал на сите четири грен слем турнири во една година.

Ѓоковиќ во второто полуфинале на УС Опен го совлада Александер Зверев во пет сета и тоа со 4:6,6,:2,6:4,4:6,6:2.

Српскиот тенисер исто така ќе се бори и за 21. грен слем титула со која би ги надминал најголемите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал. Ова воедо ќе биде деветто финале за Новак на УС Опен, а прво од 2018 година и досега има освоено три титули во Њујорк, а во исто време по 31 пат се пласира во финалето на еден грен слем турнир со што го израмни рекордот на Федерер.

Победата над Зверев во полуфиналето претставуваше одмазда на Новак за поразот во полуфиналето на Олимписките игри и во исто време ја прекина серијата на Германецот од 16 победи по ред.

На почетокот од мечот, и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и лесно ги освојуваа гемовите. Прв се закани Зверев во седмиот гем кога дојде до првтата брејк топка, но Ѓоковиќ успеа да го освои гемот.
Тоа што го пропушти во седмиот, го надополни во деветтиот гем кога успеа да направи брејк и потоа со сигурен сервис да поведе до 0:1 во сетови.

Во вториот сет Ѓоковиќ заигра подобро и веќе во вториот гем направи брејк и тоа по двојната сервис грешка на противникот. Потоа Зверев го подобри сервисот, но Ѓоковиќ не ја испушти предноста, напротив направи уште еден брејк со кој дојде до израмнување во сетови.


Во третиот сет се водеше голема борба, Зверев постојано се закануваше, имаше три брејк топки, но не успеа да го одземе сервисот на Србинот. Затоа Ѓоковиќ успеа во десеттиот гем да го скрши отпорот на Зверев да направи брејк. Сетот го заврши на фантастичен начин, успеа да спаси три брејк топки и во фантастичен поен во кој имаше дури 53 удари да поведе со 2:1 во сетови.

Ритамот на игра на опадна ниту во четвртиот сет, и двајцата тенисери играа фантастично. Германецот на сите начини се обидуваше да дојде до брејк и во воведните гемови од четвртиот сет се играа маратонски поени и гемови. Зверев успеваше да врати неверојатни топки и по подолго време успеа да го одзеде сервисот на Ѓоковиќ. Брејкот кој го освои во третиот гем беше единствен во четвртиот сет и на Зверев му донесе израмнување на 2:2 во сетови.


Во петтиот сет Новак Ѓоковиќ потврди зошто е најдобар тенисер на светот, изгледаше посвежо и поподготвено играјќи одлично во клучните поени, додека Зверев почна повеќе да греши. Таквата игра му донесе водство на Ѓоковиќ од 4:0, Зверев успеа да врати еден брејк во веќе на следниот сервис гем на Германецот, Ѓоковиќ повторно прави брјек кој му носи пласман во финалето.

Ѓоковиќ во големото финале на УС Опен ќе се сретне со Данил Медведев кој претходно со 3:0 во сетови го совлада Феликс Оже-Алиасим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот