Ѓоковиќ може да се врати на првото место на АТП-листата и без да игра во Мајами

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Карлос Алкараз (19) го освои Мастерсот во Индијан Велс каде со титулата го обезбеди првото место на АТП-листата, но сега му претстои уште една тешка задача.

Младиот Шпанецот во финалето го победи Данил Медведев за нешто повеќе од еден час игра во два лесно добиени сета. Алкараз има 7,420 бодови, 260 повеќе од Новак Ѓоковиќ, кого го спречи да ја започне 379 недела на врвот на АТП листата.

На Алкараз ќе му биде барем подеднакво тешко да ја зачува лидерската позиција од српскиот тенисер кој нема да игра и на следниот турнир.

По Индијан Велс следи Мастерсот во Мајами (19 март – 2 април 2023), каде Алкараз мора да ја освои титулата. Секој друг исход, па дури и пораз во финалето, би значел пад на Алкараз на второто место.

Шпанскиот тенисер ја брани титулата и 1.000 поени во Мајами, а доколку биде запрен на последниот чекор, би одбранил 600 поени, додека 400 би биле избришани.

Тоа значи дека Ѓоковиќ и без да игра има добри шанси да се врати на врвот. Кога е во прашање сезоната на Србинот, треба да се продолжи на Мастерсот во Монте Карло кој ќе се игра од 9 април.

Ноле ги започна подготовките за сезоната на земја, чиј врв ќе биде грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот