Ѓоковиќ: Ме измори трката по историја, но сега сум свеж и одморен

Новак Ѓоковиќ најверојатно до последен момент ќе знае дали ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ е подготвен да се бори за титулата на завршниот Мастерс кој од недела започнува во Торино.

Ѓоковиќ минатата недела триумфира на мастерсот во Париз и тоа беше негов прв настап на турнир по поразот во финалето на УС Опен.

Новак во финалето на УС Опен застана на само „едно скалило од историјата“ бидејќи загуби од Данил Медведев и остана без календарскиот слем.

– Се чувствувам свежо бидејќи не играв на многу турнири како во минатото. Но, имаше исцрпувачки настани, посебно кога зборуваме за грен слем турнирите. Не ме истрошија само физички туку ментално и емотивно. Оваа година беше поинаква од останатите досега бидејќи се соочив со притисокот кој го носи историското достигнување и тоа многу влијааше на мене. Чувствував дека ми е потребна пауза за да се освежам и за да бидам подготвен за наредната сезона. Добро беше во Париз каде ја освоив титулата, а се надевам дека ќе имам успех и во Торино – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер досега пет пати триумфираше на завршниот мастерс, но последен пат тоа се случи во 2015 година.
– Овој турнир се игра на крајот од сезоната. Во првата фаза од мојата кариера, тој беше еден од моите најуспешни турнири кој успеав да го освојам три пати по ред. Но, од 2015 година немам титула иако играв и финале и полуфинале. На вакви турнири мора да играте најдобро што можете, понекогаш „немате доволно гориво“, но мора да одиграте пет одлични меча за да ја освоите титулата – додава Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот