Ѓоковиќ: Ќе загубам 4000 поени без можност да ги бранам

новак ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ има 20 грен слем титули / Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја критикуваше одлуката на „Вимблдон“ да не им дозволи на руските и белоруските тенисери да играат, поради што АТП одлучи да нема бодови во Лондон.

Ѓоковиќ, кој ја брани титулата, ќе остане без 2000 бодови и сигурно ќе го загуби првото место на АТП, дури и доколку повторно ја освои титулата.

– На личен план, се разбира, годинава ќе загубам 4000 поени без можност да ги бранам – Австралија опен и Вимблдон. Индивидуално негативно тоа влијае на мене.

Во последните неколку дена разговарав со раководството и со претседателот на АТП, како и со некои членови на Советот на играчи.

Колективно, мило ми е што играчите се обединија со АТП и покажаа дека кога ќе се случи грешка, а тоа навистина се случи на Вимблдон, треба да покажеме дека ќе има последици. Ги поддржувам играчите и единството на играчите, секогаш сум го правел тоа и секогаш ќе го правам тоа – вели Ѓоковиќ.

Српскиот ас објасни дека треба да се дојде до подобар модел.

– Има ли подобро решение од само одземање поени и да не им дозволиме на играчите да се бранат или да заработат поени…Сите се погодени. За мене и за другите кои поминаа добро минатата година на Вимблдон, не можеме да ги одбраниме тие бодови, а некои нема да имаат можност да заработат нови. Ова е една чудна ситуација – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ со убедлив триумф тргна во одбрана на титулата на Ролан Гарос

Видео на денот