Ѓоковиќ ќе остане без првото место на АТП трката до крајот на годината?

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новак Ѓоковиќ се одмора од напорната сезона, но во исто време се подготвува за почетокот на следната. Првиот светски рекет е на листата на учесници за турнирот на Индијан Велс, но прашање е дали ќе се појави во САД.

Јасно е дека српскиот тенисер ќе настапи на завршниот Мастерс во Торино, каде ќе се обиде да ја врати титулата во своите витрини. Дотогаш, Ноле многу лесно би можел да остане без првото место.

Не е во прашање АТП листата, туку АТП трката, нешто што одговорните во оваа организација одлучија да ја „притиснат“ и да ја направат подеднакво важна. Кој ќе биде прв на листата на АТП трката, ќе биде прогласен за најдобар тенисер на годината.

Можеби на крајот за Ѓоковиќ бадијала ќе бидат трите освоени грен слем титули годинава, финалето на четвртиот грен слем во Њујорк, борбата за третото место на Олимписките игри на Токио, а од друга страна Русинот Данил Медведев многу лесно може да се искачи на тронот, иако пред неколку недели го освои само првиот грен слем трофеј во неговата кариера.

Убави зборови од Федерер за Ѓоковиќ: Тоа што го направи Новак е лудо

Србинот и натаму е на првото место на оваа листа со 8370 поени, додека Медведев е на второто место со 6380. Но, доколку српскиот ас не се појави на преостанатите турнири до крајот на годината, а Русинот речиси сигурно ќе се појави, токму Медведев би можел да ја заврши годината на лидерската позиција.

Зад нив е Стефанос Циципас од Грција на третата позиција со 5470 кој исто така опасно се заканува.

ТОП 5 АТП трка:

1.Новак Ѓоковиќ – 8370 поени
2.Данил Медведев – 6380
3.Стефанос Циципас – 5470
4.Александар Зверев – 4915
5.Андреј Рубљов – 4030

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот