Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака да ја брани титулата на „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ само вакциниран може да ја брка 10 грен слем титула во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Властите во регионот Викторија донесоа одлука за масовна вакцинација на населението, вклучително и професионалните спортисти.

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, би можел да почека на нов грен слем трофеј, со кој би се искачил на врвот на вечната листа пред Рафаел Надал и Рожер Федерер, бидејќи лесно може да се случи да го прескокне следниот грен слем „Австралија опен“.

Причината се најновите ковид мерки во државата Викторија, која го вклучува и Мелбурн, каде што според новите одлуки на надлежните органи, сите официјални вработени (вработени во различни сектори), вклучително ги и сите професионални спортисти, мора да се вакцинираат до 15 октомври. Околу 1,25 милиони луѓе се во оптек за задолжителни вакцини. Дотогаш, тие мора да ја примат барем првата доза од вакцината.

Досега, единствено непознато е дали ова важи и за професионалните спортисти кои ќе останат кратко во државата Викторија, како што е случајот со тенисерите кои доаѓаат да се натпреваруваат на „Австралија опен“.

Да потсетиме, српскиот ас Ѓоковиќ го брани трофејот во Мелбурн, каде што освои најголем број од најважните пехари – вкупно девет.

На Ноле не му помага ну фактот што го прележа коронавирусот, се зарази минатата година, па ни присуството на антитела не гарантира дека ќе може да помине строги мерки во Мелбурн без вакцина, дури ни негативен тест за ковид-19.

Според законите во државата Викторија, секој што е на списокот за вакцинација ќе биде вакциниран, без разлика дали веќе имале коронавирус.

Останува да се види како на сето ова ќе реагираат најдобрите светски тенисери, а дел од нив се против вакцинацијата.

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот