Ѓоковиќ ќе игра уште на три турнири до крајот на годината

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Од претходно е познато дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра годинава во кинеските Шангај и Пекинг.

Првиот светски рекет ќе паузира до крајот на октомври, а според најавите до крајот на годината ќе игра уште на три турнири.

Прв е турнирот во Париз од серијата 1000 (ќе се игра од 30 октомври до 5 ноември), каде брани финале од минатата година. После тоа, следува завршниот Мастерс во Торино, кој лани го освои Србинот, а овој турнир ќе се игра од 12 до 19 ноември.

Последен предизвик за Ноле во 2023 година би требало да биде финалниот турнир во Дејвис купот со репрезентацијата на Србија.

Ова натпреварување ќе се организира од 21 до 26 ноември во Малага, а српските тенисери во четвртфиналето ќе играат против Велика Британија.

Во досегашниот дел од сезоната Ѓоковиќ освои пет титули, три грен слема на „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „УС Опен“. А исто така беше и најдобар во Аделаида и Синсинати.

Се шири измама со името и ликот на Ѓоковиќ, предупреди адвокатот на српскиот тенисер

Надал: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата и тука нема што да се разговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот