Ѓоковиќ ќе ги собори сите рекорди, но тоа не значи дека ќе биде најдобар во историјата

Поранешниот петти тенисер на светот, Фернандо Гонзалес е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата со највеќе освоени грен слем титули, но тоа не е гаранција дека ќе биде најдобар тенисер на сите времиња.
– Не така одамна, беше неверојатно некој да освои десет грен слем титули, а сега имаме тројца со по 20. Кога станува збор за бројките, сигурен сум дека Новак ќе ја заврши кариерата со највеќе грен слем трофеи и со можеби најдобра статистика. Но, има и други фактори кои одредуваат кој е најдобриот на сите времиња. Новак ги соборува сите рекорди и извесно е дека ќе продолжи да го прави и во наредните години, но мислам дека не може да се каде дека доколку има највеќе титули – ќе биде и најдобар. Ние можеме само да го одбереме омилениот тенисер, мене тоа ми е Федерер поради стилот на игра: еднорачен бекенд, сервис, волеј…
Кога го гледате Ѓоковиќ, изгледа како никогаш нема да промаши топка, а Рафа Нада насекаде. Тешко е да се каже кој е најдобриот на сите времиња – смета Гонзалес.
Најголемиот успех на Гонзалес е финалето на Австралија Опен во 2007 година кога загуби од Федерер, а играше и во полуфиналето на Ролан Гарос во 2009 година. Во кариерата освои 11 титули, меѓу кои е и златниот медал на Олимписките игри во Атина 2004 година во игра на двојки, а четири години подоцна го освои сребрениот медал во поединечна конкуренција.