Ѓоковиќ ќе ги собори сите рекорди, но публиката никогаш нема да го обожува како Федерер и Надал

Новак често „игра“ и против публиката на трибините/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот тенисер во игра на двојки, Махеш Бупати го даде своето мислење во се зачестената дискусија за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата.  Индиецот во авторски текст даде свое мислење за трката за најдобриот тенисер на сите времиња.

Бупати ги спореди Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер на основа на неговите искуства кои ги имал со тројцата тенисери низ кариерата.
Махеш Бупати долги години беше еден од најдорбрите тенисери во игра на двојки, има четири грен слем титули, а во 1999 година беше прв дуел играч на АТП ранг листата. Според, Индиецот, Новак Ѓоковиќ никогаш нема да биде обожуван Надал и Федерер.

Новак ја комплетира големата тројка. Него убедливо е најтешко да се победи од големата тројка кога станува збор за менталната сила и соочувувањето во големите мечеви. Гледав како два пати го победи Федерер на грен слем турнирите кога Швајцарецот имаше меч топка. Неговата способност да го апсорбира големиот притисок и постојано да се развива како најкомплетен тенисер од нив тројца и физички и психички, му донесе на Новак подобар меѓусебен скор против Надал и Федерер и најверојатно предност во дебатата за најдобриот во историјата. Новак веќе држи поголем број на рекордите, највеќе недели како број 1, највеќе освоени пари од турнирите… Но, Новак секогаш ќе биде на третото место кога станува збор за популарноста. Тоа не е бидејќи не е добро момче, туку затоа што беше „уличен борец“ кој израсна со мечевите од почетокот на кариерата и тогаш разви љубов или омраза со тениските фанови“, пишува Бупати кој додава дека токму овие тројца тенисери стануваа се подобри токму поради нивните дуели.

Нема сомнежи дека големата тројка меѓусебно се „туркаше“ за сите да станат подобри играчи и да го кренат тенисот на неверојатно ниво. Лично јас никогаш не би избрал еден од нив. Минатиот викенд додека Новак победуваше на Вимблдон и се израмни со Надал и Федерер по бројот на освоени грен слем турнири, уште еднаш се почувствував благословен што сум сведок на ривалството помеѓу овие тројца тенисери“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот