фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Ѓоковиќ: Ќе биде предизвик од секој аспект мечот со Зверев, само да сум физички добро

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако во четвртфиналето на првиот Грен слем турнир го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 3:1 (4:6, 6:4, 6:3, 6:4).

– Најдобриот меч на турнирот за мене, веројатно еден од најдобрите натпревари во годината на Австралија Опен. Горд сум што одиграв четири сета. Карлос носи многу интензитет на теренот, секогаш барајќи го најдоброто од неговиот противник да има шанса за победа – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Во петок за место во финалето Ѓоковиќ ќе се соочи со Александар Зверев.

– Ќе биде предизвик од секој аспект. Зверев го брка својот прв слем, тој е исклучително опасен на оваа подлога, ужива, има одличен сервис. Дополнителен ден за одмор ќе ми биде добар. Утре треба да видам каква е ситуацијата, да закрепнам што повеќе. Ќе видам дали ќе можам да тренирам во четврток, дефинитивно нема да тренирам во среда. Загрижен сум, но ако сум физички добро, јас сум психички и емоционално мотивиран.

Еден ваков меч ги исцрпува двајцата играчи, се разбира дека бара данок, но психички и емотивно поголем, ти се храниш со ваква победа, така се чувствувам јас. Се надевам дека ќе бидам физички подготвен за пет сета – рече Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот