Ѓоковиќ: Каков меч, беше неверојатно, ја научив лекцијата од „УС Опен“

Новак Ѓоковиќ со рекордниот 37 Мастерс трофеј во кариерата/Париз, Франција/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ не играше од грен слем турнирот „УС Опен“, се врати на теренот после повеќе од еден месец и го освои мастерсот во Париз. И тоа со победата над Данил Медведов, токму над тој човек кој му нанесе болен пораз во Њујорк, САД.

Неуспехот во Њујорк беше патоказ за српскиот ас пред денешното финале во францускиот главен град, во кое покажа дека Њујорк за него е завршена приказна.

– Каков меч, беше неверојатно, борба до последен удар! Знаев дека ќе ми треба многу сила за да победам, да го пружам најдобриот меч. Научив лекција од финалето на „УС Опен“, се обидов да направам сè што е потребно. Од моја страна изгледаше беспрекорно – рече Ѓоковиќ по освојувањето на Мастерс трофејот во Париз.

ВИДЕО | Фантастичен: Ѓоковиќ го освои Париз – тенисер со најмногу мастерс титули!

Сезонава се сретна со Медведев во три големи финалиња, што доволно говори колку двајцата беа над другите. Воедно Ѓоковиќ на теренот покажа уште еднаш покажа дека целта му беше да победи и имаше посебна причина за тоа.

– Ова стана навистина големо ривалство. Игравме три финалиња: Австралија опен, УС Опен и сега Париз. Се надевам дека ќе се сретнеме во повеќе финални мечеви. Дојдов овде да го обезбедам првото место на крајот на годината, тоа го направив вчера, така што немав голем притисок во финалето за да морам да победам.

Денешниот ден беше посебен за мене, бидејќи со мене беше моето семејство, мојот тим. За првпат со мене се и двете мои деца, што заедно го гледаа мечот. Одлична, сензационална вечер. Многу те сакам Тара – беа зборовите на Ѓоковиќ упатени кон својата ќерка која беше на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот