Ѓоковиќ: Како може на УС Опен да игра Сандгрен, а не можам јас, се надевам дека не е вмешана политиката

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Новак Ѓоковиќ повторно зборуваше чудните правила кои важат за влез во САД поради кои не може да настапи на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Според актуелните правила, невакцинирани лица против коронавирус не можат да настапуваат на УС Опен, додека американски тенисери кои не се вакцинирани имаат право да играат на гренд слем турнирот во Њујорк. Ѓоковиќ како пример го зеде Тенис Сандгрен кој не е вакциниран но ќе може да настапи на УС Опен бидејќи е американски државјанин.

Сандгрен јавно го поддржа Ѓоковиќ и ја критикуваше американската влада, а Новак откри дека со Американецот комуницирал претходните денови.

– Се допишував со него пред неколку дена, му се заблагодарив за поддршката што ми ја даде во јавноста во оваа ситуација. Тоа што го кажа е сосема логично. Доколку на невакцинираните играчи им е забрането да учествуваат на тој турнир, тогаш тоа правило треба да важи за сите. Не гледам која е логиката дека тој може да игра затоа што е државјанин на САД иако не е вакциниран, а мене тоа право ми е ускратено. Ако имав американски „зелен картон“ или пасош, ќе ми беше дозволено да играм. Ако има некаква политичка логика… повеќе би сакал да не навлегувам во тоа, а вие самите одлучите зошто – изјави Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ утре од 14.30 часот треба да го игра дуелот од второто коло во Вимблдон против Танаси Кокинакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот