Ѓоковиќ: Јас не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите во историјата на тенисот/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вели дека не е „антиваксер“, но и дека подобро би ги пропуштил следните најголеми турнири отколку да прими вакцина против коронавирус.

Српскиот ас е подготвен да ги пропушти големите турнири доколку е потребна задолжителна вакцинација за учество на нив. Во интервјуто за „Би-Би-Си“ изјави дека тоа е цената што е подготвен да ја плати.

– Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ставаш во своето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула. Се трудам да бидам во хармонија со моето тело што е можно повеќе – рече Ѓоковиќ.

И Ноле се надева дека наскоро ќе заврши пандемијата…

– Мојот ум е отворен кога станува збор за можноста да бидам вакциниран во иднина, бидејќи сите се обидуваме да го најдеме најдоброто решение кога е во прашање борбата против ковид-19. Повторувам, никогаш не сум бил против вакцинацијата и се надевам дека сите ќе го видиме крајот на овој вирус. Никој не сака да биде во оваа ситуација во која колективно сме веќе две години. Јас сум дел од глобален спорт кој се игра секоја недела на различни локации. Ги разбирам последиците на своите одлуки – се зборовите на Ѓоковиќ.

Австралија призна дека го изиграла Ѓоковиќ: Визата му била издадена од човек, а не од компјутер

Воедно даде и подетален опис како се чувствуваше додека беше во хотелот за мигранти во Мелбурн.

– Бев многу разочаран од сè што ми се случи во Австралија. Не беше лесно… На пример, грешката на документот за добивање виза (каде пишуваше дека не отпатувал непосредно пред заминувањето за Мелбурн, а бил во Шпанија, а тоа го знае цела светска јавност) апсолутно не е намерно направена.

Впрочем, таа грешка беше прифатена и потврдена од Федералниот суд, дури и од самиот министер за имиграција. Значи, она што луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран, или затоа што прекршив некои правила или затоа што имав грешка во моето барање за виза. Сето тоа, всушност, беше одобрено, а потоа потврдено од Федералниот суд и министерот за имиграција. Причината поради која бев депортиран од Австралија беше тоа што министерот за имиграција (Алекс Хок) ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на ставот дека можам да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, а јас воопшто не се согласувам со тоа – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот