Ѓоковиќ ја започна последната недела како прв тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ идниот понеделник ќе го загуби лидерското место на АТП ранг-листата/ фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 373 недела на чело на АТП ранг-листата, но следната недела ќе мора да го препушти тронот.

Ѓоковиќ е лидер на АТП ранг-листата со 8.770 бодови, 110 помалку од минатиот понеделни, бодовите кои ги загуби со тоа што не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос ќе му бидат избришани на 13 јули.

Од идниот понеделник, нов лидер на АТП ранг-листата ќе биде Данил Медведев кој моментно има 8.160 бодови, а Ѓоковиќ ќе остане покус за четири недели до израмнување на рекордот што го држи Штефи Граф како тенисерка со највеќе недели поминати на првото место. Германката дури 377 недели беше најдобра тенисерка на светот.

На третото место се наоѓа Александер Зверев со 7.795 бодови, а четврти е „кралот на Ролан Гарос“ Рафаел Надал кој сега има 7.525 бода и го прескокна Стефанос Циципас на листата.

Финалистот на Ролан Гарос, Каспер Руд исто така направи скок ранг-листата и сега е шести тенисер на светот, а зад него се Карлос Алкараз и Андреј Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот