Ѓоковиќ ја започна 369 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ останува на светскиот тениски врв/Мадрид, Шпанија/3 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Новак Ѓоковиќ ја започна и 369 недела на првото место на АТП листата и со тоа продолжи да го соборува сопствениот рекорд.

По елиминацијата во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, српскиот тенисер загуби 140 поени во однос на претходната листа и сега е прв со 8,260 поени.

Второпласираниот Русин Данил Медведев загуби 90 бодови и има 270 помалку од српскиот ас кој наскоро ќе го прослави својот 35 роденден.

Александар Зверев и понатаму е на третото место, пред Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Освојувачот на титулата во Мадрид, Карлос Алкарас, заработи 955 поени и напредуваше за три позиции, па сега е шести тенисер во светот.

АТП,Топ 10

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8,260

2. Данил Медведев (Русија) 7,990

3. Александар Зверев (Германија) 7,020

4. Рафаел Надал (Шпанија) 6,435

5. Стефанос Циципас (Грција) 5,750

6. Карлос Алкарас (Шпанија) 4,773

7. Андреј Рубљов (Русија) 4,115

8. Матео Беретини (Италија) 3,895

9. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 3,760

10. Каспер Руд (Норвешка) 3,760

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот