Ѓоковиќ ја започна 368 недела на врвот на АТП ранг-листата

Новак Ѓоковиќ неделава ќе настапи на мастерсот во Мадрид/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Новак Ѓоковиќ ја започна 368. недела на првата позиција на АТП ранг-листата и продолжува да го подобрува сопствениот рекорд.

Ѓоковиќ остана на 8.400 бодови бидејќи немаше настапи минатата недела, а немаше промени и кај второпласираниот Данил Медведев кој има 8.080 бодови.

Нема промени во пласманот меѓу првите десет најдобри тенисери, трет Германецот Александер Зверев, а потоа следуваат Рафаел Надал, Стефанос Циципас, Матео Беретини, Каспер Руд, Андреј Рублев, Карлос Алказар и Феликс Оже-Алијасим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот