Ѓоковиќ ја започна 359 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ очекува да игра повеќе мечеви во Белград отколку во Монте Карло/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна денеска 359 недела на врвот на АТП ранг листата.

Српскиот ас моментно има 10,875 бодови, зад него следуваат Русинот Данил Медведев (9,635) и Германецот Александер Зверев (7,865).

Стефанос Циципас од Грција се наоѓа на четвртата позиција (7,145), а Шпанецот Рафаел Надал, освојувачот на „Австралија опен“ е на петтото место со 6,875 бодови.

Во Топ 10 се наоѓаат уште Матео Беретини (Италија), Андреј Рубљов (Русија), Каспер Руд (Норвешка), Феликс Оже-Алијасим (Канада) и Јаник Синер (Италија).

Кај жените на ВТА листата води Австралијката Ешли Барти, која исто така минатиот месец го освои Мелбурн, се наоѓа на врвот со 8,330 бодови, пред Белорусинката Арина Сабаленка (5,698) и Барбора Крејчикова од Чешка (5,533).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот