Ѓоковиќ ја започна 349 недела на првото место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ доминира во светот на тенисот/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Српскиот ас на новиот ранкинг моментно има 11,540 бодови, односно 2,900 повеќе од второпласираниот Данил Медведев од Русија.

Новак Ѓоковиќ продолжува да доминира во светот на тенисот, денеска ја започна својата 349 недела на врвот на АТП ранг листата.

Ноле по седми пат ќе ја заврши годината како најдобар тенисер во светот, а прв на АТП листата сигурно ќе биде до крајот на јануари 2022 година, што значи дека ќе помине уште минимум 357 недели на врвот.

Штефи Граф го држи апсолутниот рекорд во машка и женска конкуренција со 377 недели на врвот на листата, а Новак би можел да го достигне и тој рекорд на 19 јуни 2022 година, доколку не го испушти првото место.

На третото место и натаму е Германецот Александар Зверев, четврти играч во светот е Гркот Стефанос Циципас, петти Русинот Андреј Рубљов, а најдобрите „десетка“ ја комплетираат Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Таткото на Ѓоковиќ бара респект: Новак не трпи уцени и под овие услови нема да игра на Австралија Опен

Во 2021 година веќе нема турнири, а најдобрите тенисери во светот во овој период се борат за трофејот во Дејвис купот со своите репрезентации.

Најдобропласиран македонски тенисер е Горазд Србљак на 958 место со 14 поени, а во женска конкуренција Лина Ѓорческа е на 271 позиција со 254 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот