Ѓоковиќ ја започна 343. недела на врвот на АТП ранг-листата, Федерер испадна од топ 10

Новак Ѓоковиќ откри кои му се целите до крајот на 2021 година/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 343. недела на првото место на АТП ранг-листата иако не настапи на Мастерсот во Индијан Велс.

Ѓоковиќ има 11.340 бодови, дури 1.800 повеќе од второпласираниот Данил Медведев и српскиот тенисер е безбеден на врвот на АТП ранг-листата најмалку до 22. ноември.

Медведев имаше можност да го симне Ѓоковиќ барем на една недела доколку триумфираше на Мастерсот во Индијан Велс, но неговиот поход на врвот на ранг-листата го запре Григор Димитров.

На третото место на АТП ранг-листата се наоѓа Стефанос Циципас, а на четврти светски тениски рекет е Александер Зверев.

Меѓу најдобрите десет тенисери има неколку промени во однос на минатата недела, Рафаел Надал сега е шести, а петти е Андреј Рубљов. На седмото место се наоѓа Матео Беретини, додека осми е Доминик Тим, Каспер Руд е деветти а Роберт Хуркач е десетти светски тенисер.
Од листата на најдобри десет тенисери испадна Рожер Федерер кој сега е 11. со 3.285 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот