Ѓоковиќ ја спушта топката: Ве молам немојте да зборувате за медали

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ треба д биде вакциниран за да настапи на „Австралија опен“ во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Најдобриот светски тенисер е задоволен од пласманот во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио и во поединечна конкуреренција и во мешани парови, но не сака дополнителен притисок со приказната за медалите.

Ѓоковиќ во четвртфиналето на машкиот турнир го совлада Кеи Нишикори, а потоа заедно со Нина Стојановиќ славеше во мешани парови против Германците Лаура Зигемунд и Кевин Кравиц.
Утре, го очекуваат полуфиналните  пресметки во кои може да обезбеди два медали.
– Одличен ден, не се изморив премногу. Идентичен е резултатот и во поединечна конкурнеција и во мешани парови, не можеме да биде подобро од ова. Против Нишикори го одиграв најдобриот меч во Токио. Се оди според планот, се наоѓаме во завршницата, но ве молам да не зборуваме за медалите. Сакаме да се фокусираме на теренот, притисокот и очекувањата и да одиме чекор по чекор – изјави Ѓоковиќ.

Противник во полуфиналето на првиот тенисер на АТП ранг листата ќе му биде Александар Зверев, додека второто полуфинале го сочинуваат Карен Хачанов и Пабло Карењо-Буста.
– Ми претстои најтешкиот предизвик. Зверев релативно лесно дојде до полуфиналето, сервира одлично. Но, со мојот настап против Нишикори имам поголема самодоверба, а клучот за победата ќе биде да го запрам неговиот сервис. Добро го познавам Александар, како што тој ме познава мене, но одам на победа – порачува Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ќе брка два медали на Олимписките игри во Токио

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот