Ѓоковиќ ја призна грешката пред заминувањето во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ не доби можност да ја брани титулата на Австралија Опен освоена минатата година/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Новак Ѓоковиќ преживеа сè на почетокот на оваа година, со голема желба да настапи на „Австралија опен“ и да го собори рекордот по број на грен слем титули.

Желбата не му се исполни, австралиските власти му ја одзедоа претходно издадената виза и по притворот, на само еден ден пред почетокот на турнирот, го депортираа од земјата.

За тоа време, тамошните медиуми го осудија Ѓоковиќ за информацијата дека дал интервју за „Л’Екип“ неколку дена откако добил позитивен тест за коронавирус, кон средината на декември, 20 дена пред да замине за Мелбурн.

Во интервјуто за „Би-Би-Си“ ја коментираше и ситуацијата и призна дека жали поради тоа.

– Да, бев позитивен и тоа беше ужасна грешка и проценка. Посакувам да го вратам времето назад и да не го направам тоа.

Го направив тоа од неколку причини. Прво, затоа што го почитувам „L’Equipe“ како еден од најдобрите спортски медиуми во светот. Френк Рамера, новинар, е некој што го познавам многу, многу години и отсекогаш сум имал одличен однос со него.

Го имавме договорено тоа интервју и претходно и не сакав да го изневерам. Требаше ли да бидам повнимателен? Дали требаше да го известам? Апсолутно. Би сакал да можам да го вратам времето назад, тоа е моја вина, тоа го признавам и стојам зад тоа и многу ми е жал поради тоа – рече Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот