Ѓоковиќ ја доби најтешката жрепка во Париз, во полуфиналето го чека Карлос Алкараз

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ.
Ѓоковиќ во полуфиналето би можел да се сретне со првиот светски рекет Карлос Алкараз или Стефанос Циципас, беше одлучено со ждрепка. Во делот на српскиот ас е извлечен и и рускиот тенисер Андреј Рубљов. „Ролан Гарос“, вториот Грен слем во сезоната, започнува во недела.
Тоа ќе биде можност Ѓоковиќ да атакува на 23 Грен слем титула, а со тоа и да го прескокне Рафаел Надал со кого го дели првото место на вечната листа.
Најдобриот српски тенисер ќе биде третиот носител, што малку ќе му го отежне патот бидејќи е можен дуел со најдобрите и пред финалето. Прв носител е Карлос Алкараз, а втор Данил Медведев.
Добрата вест за останатите играчи е што во Париз нема да биде Рафаел Надал кој 14 пати го освојуваше овој Грен слем. „Ролан Гарос“ се игра за награден фонд од 49.600.000 евра, од кои 2.300.000 ќе му припаднат на победникот.