Ѓоковиќ испрати емотивна порака до настраданите во Нови Сад
Нови Сад вчера беше погоден од страшна трагедија во која животот го загубија 14 лица откако се сруши дел од Железничката станица.
Србија и целиот регион се потресени од ваквиот трагичен настан, а пораки пристигнуваат од сите страни.
Помеѓу оние кои се огласија е и Новак Ѓоковиќ кој испрати емотивна порака.
„Моето срце е со сите погодени од трагедијата во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство, мисли и молитивни за семејствата на загинатите“, објави Ѓоковиќ.
Покрај загинатите во трагедијата беа повредени и уште 30 лица, а надлежните и понатаму работат на процена на ситуацијата и обезбедување помош.
Моје срце је уз све оне погођене трагедијом у Новом Саду. Наше најдубље саучешће, мисли и молитве породицама настрадалих 🙏
— Novak Djokovic (@DjokerNole) November 2, 2024
Млад фудбалер со својата девојка помеѓу жртвите во трагедијата во Нови Сад