Ѓоковиќ: Идната сезона ќе ги предизвикам Синер, Алкараз и Зверев

EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Србинот најави жестока сезона во 2025 година изјавувајќи дека се уште може да се носи со врвните тенисери од младата генерација

Новак Ѓоковиќ (37) неодамна даде изјава од која може да се заклучи дека подготвено ќе ја дочека идната сезона и ќе ги предизвика во моментов челните тенисери на АТП листата Јаник Синер, Калос Алкараз и Алек Зверев.

– Се уште можам да играм на високо ниво. Синер и Алкараз се етаблираа како двајцата најдобри играчи во светот, не заборавајќи го Зверев. Тие ќе бидат главни кандидати за освојување на слемовите и другите титули. Сепак, физички и психички сум подготвен повторно да играм тенис. Имам чувство дека можам да ги предизвикам овие момци и моето искуство може да ми се најде. Значи, следната година ќе играм повеќе турнири, а особено слемовите ќе ми бидат приоритет. Ќе дадам се од себе за да победам, се разбира ако телото ми дозволува – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ допрва треба да потврди дали ќе игра некои подготвителни настани пред Австралија опен во 2025 година што започнува на 13 јануари.

Можеби новиот тренер Енди Мареј му даде причина за оптимизам на Србинот, бидејќи претходно најавуваше дека ќе го олабави ритамот на настапи во 2025 година. Новак сега е на седмото место на АТП листата.

Ѓоковиќ: Ми требаа шест месеци да го назначам Мареј за нов тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот