Ѓоковиќ и на Олимпијадата во Токио блеска со нови рекорди

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ успешно го започна походот на олимпиското злато против Уго Делиен.

Покрај тоа со овој триумф српскиот ас повторно ги надмина најголемите ривали, веројатно Ноле тоа не го знаеше ни во моментите кога мечот заврши.

Тениските аналитичари објави табела на која статистиката јасно кажува, Ѓоковиќ има најголем процент на победи во историјата на овој спорт.

Во текот на својата кариера Србинот достигнат процент на победи од 83,35 отсто и така го надмина Рафаел Надал (Шпанија) кој остана на 83,15 отсто. Од вкупно 1164 мечеви Новак славеше на дури 969, а загубил на 195 дуели.

Со вториот рекорд во ист дена Ѓоковиќ го урна и Рожер Федерер. Не само што има најголем процент на победи, туку е и најдобар играч на тврда подлога.

Светскиот број еден после првото коло на олимпискиот тениски турнир го престигна Швајцарецот кој имаше процент на победи на бетон од 83,13 отсто. Новак после мечот со Боливиецот достигна број од 84,66 отсто и така на уште една табела се искачи на врвот.

Кина го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Токио

ВИДЕО: Кина најдобра со четири медали на првиот ден, остварени нови олимписки рекорди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот