Ѓоковиќ годинава заработи највеќе од наградите на турнирите

Новак Ѓоковиќ се очекува да биде на Мастерсот во Мадрид/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ освен што ја заврши годината на првото место на АТП ранг-листата, тој е тенисерот со најголема заработка во 2021 година.

По настапот на завршниот АТП мастерс во Торино, каде Ѓоковиќ стигна до полуфиналето, српскиот тенисер годината ја заврши со заработка од 9.100.547 долари само од награди од тениските турнири.

Најголем дел од парите, Ѓоковиќ ги заработи на грен слем турнирите, тој триумфира на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон, додека на УС Опен играше во финалето. Покрај Новак, само уште двајца тенисери заработија повеќе од пет милиони долари годинава, шампионот од УС Опен и победникот на завршниот Мастерс, Александер Зверев.

Новак Ѓоковиќ исто така е тенисерот кој во кариерата заработил највеќе од тениските награди и само тој и Рожер Федерер и Рафаел Надал ја имаат поминато границата од 100 милиони долари. Ѓоковиќ досега има заработено 153.520.719 долари во кариерата, Федерер 130.594.339, а Надал 124.961.595 долари. Интересно е што четвртопласираниот Енди Мареј има двојно помалку заработено од Надал, додека вториот тенисер на светот, Данил Медведев се наоѓа на 26 место со заработени 20.103.411 долари.

Топ 10 тенисери со најголема заработка од тениски турнири во 2021 година:
1. Новак Ѓоковиќ 9.100.547 долари
2. Данил Медведев 7.481.271
3. Александер Зверев 6:240.344
4. Стефанос Циципас 3.579.155
5. Андреј Рубљов 3.331.378
6. Матео Беретини 3.231.908
7. Камерон Нори 2.623.881
8. Каспер Руд 2.314.629
9. Хуберт Хуркач 2.313.289
10. Јаник Синер 2.233.199

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот