Ѓоковиќ го шокираше светот: Бев отруен со олово и жива во Мелбурн!
Новак Ѓоковиќ сѐ уште ја трпи траумата од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да се натпреварува на првиот Грен слем таа сезона.
Ѓоковиќ не се вакцинираше против коронавирусот, чија пандемија во 2022 година беше главна тема ширум светот, а му направија огромен проблем во Австралија, од која на крајот беше депортиран по одлуката на тамошните институции.
Ѓоковиќ беше задржан во хотел во Мелбурн со денови пред депортацијата. Српскиот тенисер таму беше лошо третиран, а и натаму мисли дека добил труење со храна.
– Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел во Мелбурн! Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав високо ниво на олово и жива во себе“, изјави Новак во интервју за GQ.
Локалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи кога биле контактирани за наводите на Новак, пишува веб-страницата GQ.
По сагата во Австралија, на Новак му требаа неколку месеци за да се стабилизира физички, психички и емоционално, но потоа во 2023 година ја освои својата 10-та Грен слем титула во Мелбурн, каде се врати во 2024 година.
Ѓоковиќ им прости на сите што му згрешиле во Австралија, но не ги заборави, а на теренот во негов препознатлив стил се одмазди и докажа дека е најдобар на сите времиња.