Ѓоковиќ го надмина рекордот на Рафа Надал на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ и тоа е негов рекорден 17 пласман меѓу осумте најдобри на Грен слем турнир во Париз.

Тоа до сега го нема направено ниту еден тенисер, а зад себе српскиот тенисер го остави „кралот“ на Отвореното првенство на Франција, Рафаел Надал кој 16 пати играше во четвртфиналето на турнирот.

Интересно е тоа Ѓоковиќ само двапати ја освои титулата на „Ролан Гарос“, додека Шпанецот тоа го направи 14 пати.

– Ви благодарам многу на сите за честитките. Горд сум на тој рекорд, особено овде. Како и секој играч, имав многу размислувања, не е како пред неколку години, морав да направам нешто со моето тело, но кога играм вака, секако дека сум среќен што играм вака – рече Ѓоковиќ.

Третиот светски за пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“ ќе игра против Русинот Карен Хачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот