Ѓоковиќ го демонстрираше својот квалитет: Лесно до осминафинале во Астана

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ немаше проблеми и експресно стигна осминафиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Астана.

Чилеанецот Кристијан Гарин не беше закана за Новак и победата ниту еднаш не беше доведена во прашање. За помалку од еден час Ѓоковиќ го демонстрираше својот квалитет и го доби Гарин со два добиени сета по 6:1.

Голем фаворит ќе биде Ѓоковиќ и во осминафиналето каде што за противник ќе го има Холанѓанецот, Ботик Ван Де Зандшулп.

Ќе потсетиме, во Астана Ѓоковиќ пристигнува во добра форма откако пред неколку дена го освои турнирот во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот