Ѓоковиќ го чека Надал во полуфиналето на турнирот во Мадрид

Новак Ѓоковиќ на две победи од титулата во Рим/Фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 6:3, 6:4 и закажа спектакл, бидејќи ќе се соочи со победникот од шпанското дерби меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Српскиот ас фуриозно го започна мечот и го искористи слабиот старт на Полјакот. По сигурна воведна игра без загубен поен, во следната веднаш го нападна ривалот, дојде до брејк топка која ја искористи. Подоцна го потврди брејкот, а потоа сигурно ја задржа предноста до самиот крај на сетот и лесно поведе со 1:0.

На стартот од вториот сет Ѓоковиќ повторно доби брејк шанса, речиси идентично можеше да го започне вториот сет и психички целосно да го скрши противникот.

Тогаш не успеа, но се виде дека брејкот „виси во воздух“ и Ноле набрзо успеа уште еднаш да го надигра Хуркач и да му го одземе сервисот во петтиот гем. Подоцна го потврди брејкот и дојде до 4:2.

Хуркач потоа го освои својот сервис без загубен поен, а потоа Ѓоковиќ влезе во најтешката ситуација кога е неговиот сервис во прашање, бидејќи во два наврати стигна до 40:40, но Ѓоковиќ го издржа притисокот и го стави Хуркач под притисок да сервира за да остане во мечот во следниот гем.

Ѓоковиќ веднаш нападна, дојде до две брејк топки, но не ги искористи. Хуркач потоа успеа да стигне до гем и барем уште еден гем остане „во живот“. Но, Новак беше убедлив во следниот и со тоа обезбеди полуфинале.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и победникот од мечот Надал – Алкараз ќе биде в сабота. Во вториот дел од „костурот“ се Стефанос Циципас и Андреј Рубљев, како и Феликс Оже Алијасим и Александар Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот