Ѓоковиќ ги изненади сите: Сакам да играм и на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Со освојувањето на златото, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ испиша историја во тенисот, откако го комплетираше златниот слем во кариерата.

Ноле одигра феноменално, а колку многу сака да игра за Србија тоа го потврди неколку пати.

Новак на прес-конференцијата беше доста емотивен, а со еден одговор ги изненади сите.

И додека сите го „тераат“ Ѓоковиќ да се пензионира, тој не се откажува. На прашањето дали Марјан Вајда рекол дека ќе стане шампион, тој рече дека ако не победи сега, тоа ќе го направи во Лос Анџелес?

– Секако. Затоа рече Марјан, бидејќи добро ме познава. Така се и моите родители. Така е, би играл. Сакам да играм и во Лос Анџелес, уживам да играм за Србија, да бидам дел од олимпискиот тим – одговори Ѓоковиќ.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ на победничкиот подиум и олимпиското злато

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот