Ѓоковиќ: Федерер е еден од најдобрите спортисти на сите времиња

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер беа големи ривали на тениските терени/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Славниот Швајцарец во петок ќе го одигра последниот меч во кариерата, веројатно во двојки за „Тимот на Европа“ на „Лејвер купот“, кој за првпат собра четворица играчи кои го одбележаа тенисот на 21 век. Со Рожер Федерер во тимот се и Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Збогувањето на Роџер Федерер со тенисот ги фрли во втор план сите спортски настани од следните денови. Сите се свесни дека ќе бидат во сенка на Федерер на турнирот во Лондон.

– Секогаш ќе има дебата за тоа кој е најдобар на сите времиња, тоа оставам на другите луѓе да проценат. Но, неговото влијание врз играта беше огромно. Начинот на кој играше, без напор, совршен за окото на тенискиот тренер, играч или само љубител на тенис. Тој остави огромно наследство кое ќе живее многу долго. Тој е еден од најголемите спортисти кои некогаш се појавиле, во кој било спорт. А неговата популарност на теренот и надвор од него зборува само за себе – вели Ѓоковиќ.

Покрај церемонијата што се подготвува во чест на Федерер, до Ѓоковиќ имаше и прашања за неговата иднина – дали ќе може да игра на следниот грен слем турнир „Австралија опен“ во јануари 2023..

– Можам само да се надевам, тоа е сè што можам да кажам. Таквата одлука не е во мои раце – се зборовите на српскиот ас.

Ѓоковиќ минатата година, во болен процес, беше депортиран од Австралија поради статус на невакцинирана личност. Не можеше да игра и на целата американска турнеја, вклучувајќи го и „УС Опен“ во Њујорк.

ВИДЕО | Ѓоковиќ пристигна во Лондон: Прилика која се укажува еднаш во животот

Видео на денот