Ѓоковиќ е сè поблиску до рекордот на Федерер

фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Новак Ѓоковиќ стигна до своето 44 полуфинале на грен слем турнирите, со што се доближи до Рожер Федерер, кој го држи рекордот со 46 полуфиналиња на најважните турнири во светот на тенисот.

Нема дилема дека српскиот ас веројатно во следната година ќе го надмине рекордот на славниот Федерер, а во обид да го израмни годинава.

Секако, би можел Ноле да го урне рекордот на Швајцарецот оваа година, доколку на српскиот ас му биде дозволено да игра и на „УС Опен“.

Трет на вечната листа е Рафаел Надал, кој 38 пати успеа да се пласира меѓу најдобрите четири на грен слем турнирите, додека пензионираните Џими Конорс (31) и Иван Лендл (28) се на четвртото, односно петтото место.

Исто така Ѓоковиќ ќе се обиде на „Австралија опен“ каде што моментно настапува да се израмни со Надал по бројот на освоени грен слем титули, Шпанецот има 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот