Ѓоковиќ е повторно најдобар тенисер на светот: Синер го совлада Алкараз во полуфиналето во Мајами

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ е во Монте Карло каде на земјена подлога ги започна последните подготовки за сезоната, а таму кога се разбуди го дочека веста дека повторно е најдобриот тенисер на светот.

За тоа овојпат не може да се заблагодари себеси и резултатите на теренот, бидејќи нема право да се натпреварува на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, туку на Јаник Синер од Италија.

Синер го совлада Карлос Алкараз од Шпанија во полуфиналето на Мастерсот во Мајами со 6:7(4), 6:4, 6:2 и така за првпат во кариерата славеше против актуелниот шампион на турнирот во Флорида на бетон.

Ова беше прв меч во кој Алкараз испушти сет од почетокот на турнирот во Индијан Велс, а за негова несреќа веднаш испушти два. Овие двајца тенисери беа доминантни до полуфиналето, па Синер на своите ривали им дозволи 23 гема, а Алкараз 22.

Со овој пораз Алкараз загуби 640 поени на АТП листата, па од понеделник и официјално ќе биде зад Ѓоковиќ со 6,780 поени, додека Србинот ќе остане на 7,160.

Шпанскиот тенисер не успеа да влезе во редовите на великаните, само седум играчи во истата година ги освоија Индијан Велс и Мајами, а тоа најмногу од сите го направи Ѓоковиќ – вкупно четири пати, трипати по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот