Ѓоковиќ е незапирлив во Париз, го совлада и Вариљас за четвртфинале на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ запиша нов триумф на „Ролан Гарос“ откако во четвртото коло беше подобар од Перуанецот Хуан Пабло Вариљас – 3:0 (6:3, 6:2, 6:2).

Моментно 94 играч на АТП листата немаше сили да му се спротивстави на мотивираниот фаворит, кој повеќе имаше поголем проблем со силниот ветер во главниот град на Франција.

Далеку од тоа дека Вариљас не се обидуваше да покаже добар тенис во мечот во кој севкупно освои седум гема. Она што е особено важно за Ѓоковиќ по овој меч е што се чувствуваше одлично на теренот, одлично се движеше, сервисот го служеше, како и сите други сегменти од играта.

Овој пат освојувачот на 22 Грен слем титули ја немаше публиката против себе, туку навивачите во Париз го поддржаа и се восхитуваа на неговите потези.

Ѓоковиќ во четвртфиналната фаза ќе игра против рускиот тенисер Карен Хачанов, кој претходно во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего од Италија (1:6, 6:4, 7:6, 6:1).

Ја дознавме и првата четвртфинална двојка во женска конкуренција, Каролина Мухова од Чешка ќе ги одмери силите против Русинаката Анастасија Пављученкова.

Мухова со 6:4 и 6:3 ја елиминираше Елина Аванесјан (Русија), додека Пављученкова со пресврт славеше над Елиз Мертенс од Белгија со 3:6, 7:6 (3) и 6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот