Ѓоковиќ е на чекор да направи нешто лудо

EPA-EFE/NEIL HALL

Американскиот тенисер Френсис Тиафо вели дека Новак Ѓоковиќ е комплетен тенисер, а највеќе се истакнува со менталната сила.
– Тој човек е посебен. Може да игра на сите подлоги, многу добро се движи, а и сервисот го подобри. Ментално е најсилен тенисер на светот, тоа е едноставно. Не мора да значи дека има најдобар бекенд, форхенд или некој друг удар, но нема конкуренција во поглед на ментална сила – вели Тиафо.

Американецот кој се наоѓа на 53. место на АТП ранг листата, годинава одигра еден меч против Ѓоковиќ, на Австралија Опен кога успеа да му одзеде еден сет на српскиот тенисер.
– Доколку противникот го крене нивото на игра, истото ќе го стори и Новак, навистина ве тера да ја заработите победата. Оди на некое ниво кое другите тенисерите не можат да го достигнат. Секогаш има одговор и сега се наоѓа на чекор на направи нешто лудо – вели Тиафо.

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде на стане првиот тенисер по Род Лејвер кој успеал да победи на сите четири грен слем турнири во една година. Ѓоковиќ годинава победи на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а на 30 август стартува последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот