Ѓоковиќ е изолиран во соба на аеродромот во Мелбурн и никој не може да дојде до него

Новак Ѓоковиќ ја чека конечната одлука дали ќе настапи на „Австралија опен“: Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ по неколкучасовното испитување е сместен во соба на аеродромот во Мелбурн и никој не може да дојде до него. Пред собата се наоѓаат двајца полицајци кој не дозволуваат никој да влезе без дозвола од власите на сојузната држава Викторија.

– Кај него никој не може да влезе. Пред неговата соба има двајца полицајци – изјави таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ за Б92.

Ѓоковиќ е задржан на аеродромот во Мелбурн бидејќи член на неговиот тим направил грешка при пополнувањето на барањето за австралиска виза. Првиот тенисер на АТП ранг-листата се обидел да влезе во Австралија со виза која не дозволува медицинско изземање поради невакцинирање.

Царината побара поддршка од владата на сојузната држава Викторија да го олесни влезот на Ѓоковиќ во Австралија, бидејќи федералната влада се договори со тениската федерација која пак е одговорна за доаѓањето на Новак во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот