Ѓоковиќ бара промени од организаторот: Времето е брутално, ова не може да се поднесе

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, очекува организаторот на Олимписките игри во Токио да донесе одлука тениските дуели да се играат во друг термин, односно подоцна во текот на денот.

Ѓоковиќ денеска успешно ја мина и втората пречка на тенискиот турнир победувајќи го Јан Ленард Штруф во два сета, но притоа се пожали на тешките услови за игра поради големата влажност на воздухот во Токио. Ѓоковиќ истакна дека веќе имал разговор со организаторот и притоа побарал да се промени терминот на натпреварите на тенискиот турнир.

– Немаше пеколни горештини, но тука беше влагата. Се очекува дожд, силен ветар и едвај чекам да падне дождот за конечно да се освежиме. Навистина во изминатиот период беше неподносливо, брутална комбинација на топло и спарно време. Поради тоа разговарав со органзиторот да го помести терминот на тениските натпревари, да започнуваат подоцна. Тие ми одговорија дека работат веќе на тоа. Мислам дека промената на терминот на сите ќе им одговара, посебно што остануваат се помалку тенисери и тенисерки – изјави Ѓоковиќ по мечот со Штруф.

Првиот светски тениски рекет, не сакаше да зборува за златниот медал и кои му се најголемите конкуренти во Токио.
– Одам чекор по чекор. Следен чекор е Фокина кого добро го познавам. Кога престојувам во Шпанија често тренирам со него. Тој е специјалист за игра на земја, но во Токио игра добро. Во главата ми е само Фокина, не гледам премногу далеку и што прават Медведев, Циципас и Зверев – вели Новак кој потоа зборуваше и за атмосферата во олимпиското село.

– Не е стивната еуфоријата, но не сакам да зборувам за тоа. Има доста фотографирање, убави зборови, другарување, поддршка и уживам во секој момент. Ние како спортисти кои се натпреваруваме во поединечни спортови, не можеме често да доживееме вакво нешто. Чувството е неверојатно кога ја претставувате вашата држава – додава Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот