Гитарските виртуози Тадиќ и Стефановски со свој настап на прославата на Илинден

Прославата на Илинден со богата музичка програма, концерти на гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, електро-акустичен настап на Џијан Емин со Филхармонија и џез уметници, како и учество на Ансамблот „Танец“, КУД „Емин Дураку“ и мешан хор „Крушево“

Прославата на големиот национален празник „Илинден“, кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“,во Крушево, започнувавечерта на 1 августна Гумењесо церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“ која ќе биде заокружена со богата музичка програма.

Свечената церемонија на 1 август започнува во 19:35 часот со интонирање на државната химна, по што ќе се обрати градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.Со импровизирано пукање од црешовото топче и со огномет ќе биде означен почетокот на програмата, по што следува музичкиот дел.

Присутните гости во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во изведбите на гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

После нивниот настап, со почеток во 22:00 часот, сестраниот композитор, аранжер и клавијатурист Џијан Емин придружуван од Филхармонија и Здружението на џез-уметници (ЗЏМ) ќе одржи електро-акустичен концерт.

По концертната програма, на полноќ ќе биде изведентрадиционалниот импровизиран напад на градот.

Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.

На свеченоста ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по што е предвидена свечена културно-уметничка програма.

Дел од програмата, во рамки на прославата на Илинден, се и настапите на Ансамблот „Танец“, културно уметничкото друштво „Емин Дураку“ и мешаниот хор „Крушево“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот