Гитаристката Елена Папандреу вечерва дел од „Охридско лето“

TAKIS DIAMANTOPOULOS27,ARCHELAOU

Гитаристката Елена Папандреу од Грција вечерва ќе одржи целовечерен концерт во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Папандреу која американскиот дневен весник Вашингтон пост ќе ја нарече „поетеса на гитарата“ е родена во Атина во 1966 година. Студира гитара под менторство на Евангелос Будонис и Оскар Гилиа. Исто така, работи со Гордон Кроски на Кралскиот северен колеџ за музика во Англија стипендирана од Британскиот совет. Посетува мајсторски курсеви предводени од Алирио Дијаз, Џулијан Брим, Лео Брауер и Руџеро Кјеса. Победничка е на три меѓународни натпревари: „Марија Калас“ (Грција,1984), „Гарњано“ (Италија, 1985) и „Алесандрија“ (Италија, 1985), а носителка е на втора награда и наградата „Наксос“ на натпреварот на Фондацијата на гитаристи на Америка во 1995 година. Во моментов соработува со шведската издавачка куќа БИС, а во 1992 година и е доделено признанието „Спирос Мотсенигос“ од страна на Академијата во Атина, значајна награда која се доделува секои две години на исклучителни музичари.

Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и во најпрестижните концертни сали во Европа: „Музикферајн“ во Виена, Филхармонијата во Келн, „Симфони хол“ во Бирмингем и концертната сала во Атина. Настапува и во концертната сала „Чајковски“ во Москва и салата „Кралица Елизабета“ во Лондон. Во 1998 година дебитира во „Карнеги хол“ во Њујорк. Соработува со признати музичари меѓу кои гитаристите: Оскар Гилиа, Алирио Дијаз, Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Евангелос Будунис, виолинистот Леонидас Кавакос и виолончелистот Леонид Горохов. Папандреу настапува и како солист со оркестри во Грција, Италија, Романија, Турција, Мексико и Сингапур. Меѓу композиторите кои ѝ посветуваат дела се: Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Никос Мамангакис, Гиоргос Кумендакис и Евангелос Будунис, а во моментов е професор на универзитетот во Солун, Грција.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот