Гир задоволен од реализацијата на ИПАРД Програмата

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска одржа состанок со шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и раководителот на Секторот за операции, Штефен Худолин.

Евроамбасадорот го истакна своето задоволство од успешната соработка во делот на земјоделството и руралниот развој, како и од напредокот на реализацијата на ИПАРД програмата.

Гир укажа на целосната поддршка што ја дава ЕУ во процесот на македонските евроинтегративни процеси, но и на финансиската поддршка преку ИПА фондовите во различни области од земјоделството и руралниот развој, во јакнење на административните капацитет, како и во изработка на различни системи.

Министерот Хоџа се заложи за преземање стратешки одлуки за спроведување на реформите согласно барањата на заедничката земјоделска политика на ЕУ и целосна посветеност во координативните процеси при почнување на преговорите за поглавјата 11,12 и 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот